Page 1 of 1

Прашалник за Костарика ресторан/пицерија

Бизнис идентитет и вредности

Што го прави Костарика посебен во споредба со другите ресторани и пицерии во Скопје?

Кои се најголемите предности на вашиот ресторан што би можеле да се пренесат во услугите за кетеринг?

Како би ја опишале "приказната на Костарика" од основањето до денес, и кои клучни вредности сте ги задржале низ годините?

Кои се вашите најголеми достигнувања како ресторан во изминатите 10+ години?

Кои се 3-те најголеми слабости на вашиот ресторан во споредба со конкуренцијата?

Како би ја опишале автентичноста на вашите рецепти и колку е тоа важно за вашиот бренд?

Кои позитивни коментари најчесто ги добивате од клиентите и како работите на нивно подобрување?

Кои негативни коментари најчесто ги добивате од клиентите и како работите на нивно подобрување?

Кои се најважните лекции што сте ги научиле во текот на работењето, што би влијаеле на начинот на кој ќе ги развивате новите услуги?

Соработка со компании

Кои конкретни проблеми на компаниите во врска со исхраната на вработените ги решава вашата нова услуга за кетеринг?

Кои типови јадења од вашето мени се најсоодветни за корпоративна средина и зошто?

Како ќе обезбедите конзистентен квалитет и навремена испорака на топла храна до различни бизнис локации низ градот?

Какви опции за прилагодување на менито според специфичните потреби на секоја компанија можете да понудите?

Какви пакети за кетеринг планирате (дневни, неделни, месечни) и какви ценовни опции се на располагање?

Дали имате капацитет за опслужување големи компании (50+ вработени) и какви логистички решенија имате за тоа?

Како и дали, вашите мениа можат да бидат приспособени за различни диететски потреби (вегетаријански, безглутенски, алергии)?

Какви придобивки можат компаниите да очекуваат за нивните вработени од користењето на вашиот кетеринг?

Како ќе се справувате со големи нарачки и промени во последен момент од страна на клиентите?

Какви специјални опции можете да понудите за формални бизнис настани и состаноци?

Кои се главните пречки или ограничувања што би можеле да ви го отежнат имплементирањето на корпоративниот кетеринг?

Кои аспекти од вашиот корпоративен кетеринг сметате дека ќе бидат најтешки за организирање и зошто?

Кои се вашите најголеми стравови во врска со воведувањето на оваа нова услуга?

Кетеринг за детски забави

Што вклучува вашиот пакет за кетеринг за детски забави и како се разликува од понудите на конкуренцијата?

Кои специјални детски варијанти на јадења би ги вклучиле во кетерингот за детски забави?

Дали можете да прилагодите храна и за потребите на родителите на детските забави и како тие би се разликувале од детското мени?

На кои локации би можеле да го испорачувате кетерингот за детски забави (локално - Скопје, Центар или пошироко - други градови низ Македонија)?

Какви дополнителни услуги или изненадувања можете да понудите што би ја направиле детската забава незаборавна? (пример маскоти, балони и др.)

Во кои аспекти вашата конкуренција моментално нуди подобри опции за детски забави од вас

Кои се потенцијалните проблеми што би можеле да се појават при организирање кетеринг за детски забави?

Ревитализација на ресторанот

Што мислите дека е главната причина за намалувањето на посетеноста на ресторанот во последно време?

Кои јадења од вашето мени се уникатни, што не можат да се најдат на друго место во градот?

Какви специјални промоции или настани би можеле да организирате за да привлечете нови клиенти во ресторанот?

Кои аспекти од вашата храна или услуга поранешните редовни клиенти најмногу ги ценеле, според вашите сознанија?

Како планирате да ја подобрите атмосферата во ресторанот за да привлечете повеќе посетители?

Дали размислувате за освежување на вашето мени со некои нови специјалитети и што би биле тие?

Како можете да ја искористите репутацијата од долгогодишното работење за да привлечете нова и помлада публика?

Кои се најпрофитабилните аспекти од вашиот ресторански бизнис и како планирате да ги зајакнете?

Кои се 3-те работи кои вашата конкуренција е подобра од вас?

Кои негативни повратни информации сте ги добиле од клиенти во последните 6-12 месеци?

Кои аспекти од вашиот ресторан (мени, амбиент, услуга) сметате дека се застарени или потребни за модернизација?

Маркетинг и целна публика

Како би го опишале идеалниот корпоративен клиент за вашата нова услуга (вид на компанија, големина, локација и сл.)?

Кои компании во Скопје ги сметате за потенцијални клиенти и зошто би биле заинтересирани за вашата услуга?

Каква визуелна естетика би сакале да се види во видео рекламите за да го отсликува квалитетот на вашата храна и професионалноста на услугата?

Кои социјални платформи ги користат најмногу вашите целни групи (корпоративни клиенти, родители, гости)?

Кои клучни зборови и фрази најдобро ги опишуваат предностите на вашите понуди за различните целни групи?

Какви визуелни елементи од вашиот ресторан би биле најефективни за прикажување во видео рекламите?

Како и дали би сакале да биде претставен вашиот персонал во рекламите (пица мајстори,, доставувачи, услужен персонал)?

Дали маркетингот кој сте го практикувале до сега не ги дал очекуваните резултати и која е причината за тоа?

Кои се најчестите приговори или отпор што ги добивате од потенцијалните клиенти кога им ја претставувате вашата понуда?

Конкуренција и пазар

Кои други ресторани или кетеринг компании ги сметате за главни конкуренти за секоја од трите услуги?

Како вашите услуги се разликуваат од конкуренцијата во поглед на квалитет, цена и специфични предности?

Какви повратни информации сте добиле од потенцијалните корпоративни клиенти со кои сте разговарале досега?

Какви партнерства со други локални бизниси би можеле да развиете за да ја зајакнете вашата пазарна позицијаи дали би го направиле тоа?

Кои се трите најголеми предности што вашите конкуренти ги имаат во сферата на корпоративниот кетеринг во споредба со вас?

Кои трендови во ресторанската индустрија ви е најтешко да ги следите и имплементирате?

Техничко-логистички капацитети

Какви техничко-логистички капацитети имате за доставување на топла храна до повеќе локации истовремено?

Колку дена однапред би требало компаниите да ги направат нарачките за корпоративниот кетеринг?

Колку дена однапред би требало клиентите да ги направат нарачките за роденденски кетеринг?

Како функционира процесот на пакување за да се задржи квалитетот и топлината на храната?

Кој е максималниот капацитет на вашата кујна за дневни нарачки при целосна искористеност?

Дали имате посебни стандарди за хигиена и безбедност на храната специфични за кетеринг услугите и кои се тие?

Кои проблеми или предизвици сте ги имале досега со доставата на храна и како планирате да ги решите?

Кои се најголемите слабости во вашиот тековен капацитет што би можеле да влијаат на квалитетот на новите услуги?


НАПИШЕТЕ СЀ ОНА КОЕ МИСЛИТЕ ДЕКА НЕДОСТАСУВА ВО ПРАШАЛНИКОТ - А Е ВАЖНО ДА СЕ СПОДЕЛИ СО ЦЕЛИОТ ТИМ НА ADVIRA: