Ние сме Advira - маркетинг агенција која создава видео контент што генерира реални резултати за нашите клиенти. Во потрага сме по талентиран UGC-креатор кој ќе помогне во креирањето на оригинални и кратки видеа снимени со телефон (iPhone) за нашите клиенти
Ако имаш искуство во снимање видеа со телефон...
И ако знаеш брзо и лесно да ги едитираш видеата...
И ако знаеш да смислуваш кратки сценарија за видеа...
✅ Соработка со брзорастечката маркетинг агенција во Македонија со 11+ години искуство на домашен и странски пазар
✅ Директно учење и развој со нашиот креативен директор и целиот маркетинг тим
✅ Работа на разновидни проекти за клиенти од различни индустрии
✅ Градење на своето портфолио со најновите маркетинг трендови и техники
✅ Динамична работа со константен професионален раст
✅ Плаќање по број на креирани видеа
🎬 Талентиран контент креатор со страст кон креирање кратки видеа (UGC) за различни клиенти - со својот телефон
💻 Одлично познавање на Едитинг видео софтвери (CapCut, Edits итн)
📢 Познавање на Инстаграм алгормите и начинот на кој функционираат социјалните мрежи
👥 Искуство во полето на креирање видеа - ќе се смета за предност
⭐ ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Портфолио кое ги покажува твоите вештини (дури и минимално)